Нула проценти ДДВ за основните производи за исхрана
Маркетите во земјава кои продаваат леб, брашно тип – 400, млеко со масленост од 2 проценти, од 3,2 и 3,5 проценти, бел шеќер, сончогледово масло, месо и други кланични производи за јадење, бел ориз и јајца ќе мора најдоцна до утре – 17. март 2022 година да ги прилагодат фискалните апарати.
Од УЈП информираат дека сите продажни објекти кои ги продаваат погореспоменатите производи при малопродажба, потребно е да издаваат фискална сметка со даночна стапка од 0 проценти, односно со ознака „Г“ за добра и услуги кои се ослободени од данокот на додадена вредност.
„Законската обврска произлегува од Законот за изменување и дополнување на Законот за додадена вредност со кои се пропишува ослободување од оданочување со ДДВ за основните производи за исхрана. Апелираме до сите навремено да ги прилагодат фискалните апарати“ – велат од УЈП.
Одлука ќе трае до 31. мај 2022 година.