„Нуклеарно оружје може да се користи за заштита на Донбас и териториите по референдумот за присоединувањето кон Русија“

Дмитриј Медведев – заменик-претседателот на Советот за безбедност на Русија дозволи употреба на нуклеарно оружје за заштита на земјата и териториите што таа ги признава.

„Донбас и другите територии по референдумот и присоединувањето кон Русија ќе бидат значително зајакнати од вооружените сили на Руската Федерација, не само можноста за мобилизација, туку и секое руско оружје, вклучително и стратешкото нуклеарно оружје, може да се користи за нивна заштита“ – рече Медведев.

Од 23 до 27 септември ќе се одржат референдуми за приклучување кон Русија на украинските територии под руска контрола – Доњецк, Луганск, Запорожје и Керсон.

„Русија најави дека не само мобилизациските способности можат да се користат за таква заштита, туку и секое руско оружје, вклучително и стратешко нуклеарно оружје и оружје засновано на нови принципи“ – напиша Медведев на Телеграм.

Тој рече дека Западот мора да разбере дека „Русија го избрала својот пат“ и дека „не треба да не плашат со приказни за нападот на НАТО на Крим“.

„Гарантирано е Hypersonic да ги достигне целите многу побрзо во Европа и во САД. Западниот естаблишмент, сите граѓани на земјите на НАТО мора да разберат дека Русија го избра својот пат, нема враќање назад“ – рече тој.