
Тони Дескоски
Се до доаѓањето на Доналд Трамп, Наспроти билатерализмот на Трамп, Кина, најголемиот соперник на САД на меѓународната сцена се определи за мултилатерализам, вешто реобновувајќи ги врските со движењето на бившите колонии (кое нам ни е познато како Неврзаните). темелот на меѓународната политика на Западниот блок предводен од САД беше мултилатерализмот.
Најпросто кажано, тоа е метод на координација на интересите, каде сите заинтересирани земји се на иста маса и договараат еден документ во кој се вградени интересите на сите (и отстапките на сите). Со еден напор се порамнуваат голем број на учесници меѓусебно, а се избегнуваат безбројни билатерални преговори.
Трамп и во првиот мандат, а посебно сега во вториот, се определи за напуштање на мултилатерализмот и премин на билатерално решавање на прашањата, очекувајќи да ја наметне својата моќ секому поради супериорноста на САД спрема било која земја во светот. И ги уништи долги години градените сојузи на САД.
Наспроти билатерализмот на Трамп, Кина, најголемиот соперник на САД на меѓународната сцена се определи за мултилатерализам, вешто реобновувајќи ги врските со движењето на бившите колонии (кое нам ни е познато како Неврзаните).
Кина преку самитот во Шангај се промовираше во предводник на голем блок на земји, отворено потпирајќи се на мултилатерализмот како инструмент за мултиплицирање на нејзината моќ. И сето тоа во момент на воен пораз на Западот во Украина.
Се чини дека Кинескиот приод многу подобро функционира.
За жал, ние сме дел од Европските држави кои во наредниот период ќе бидат главните жртви на билатерализмот на Трамп. И нема чаре. Не е утеха за нас тоа што САД ќе бидат многукратно повеќе оштетени од нас.
Фејсбук статус на Тони Дескоски, Универзитетски професор