Ново корона-правило во Германија, може мустаќи, брада не!

Неколку европски земји веќе ги укинаа мерките против коронавирусот, но во Германија се воведуваат нови, дополнителни.

Медицинскиот универзитет во Грајфсвалд, во провинцијата Мекленбург им забранил на студентите да носат брада.

Секој што досега носел брада – ќе мора да ја избричи, бидејќи маската „ФФП2“ поради брадата не може добро да се постави на лицето.

Од Универзитетот по електронска пошта ги известиле студентите „да се погрижат лицето да им биде во согласност со хигиенските правила“.

Наведуваат дека студентите може да пуштат мустаќи, но ако сакаат да одат на предавања, мора да ја избричат ​​брадата.