Универзитетската професорка Благица Новковска, поранешна директорка на Државниот завод за статистика е вечерашен гостин во „Трилинг“ со која зборуваме за тековните демографски проблеми, последните загрижувачки анкети, но и сиромаштијата во нашата држава.
На прашањето „што ја загрижува повеќе миграцијата или депопулацијата на граѓаните“ таа вели дека најмногу ја загрижува тоа што немаме реални податоци.
Мене најмногу ја загрижува тоа што немаме реални податоци и за структурата на населението и големината и миграциите. За да зборуваме колку сериозни ќе бидат последиците треба да знаеме колку и каде мигрираат, започнува Новковска.
Според неа последниот попис не ги дал соодветните податоци кои биле потребни.
Последниот попис кој навистина требаше да се спроведе се очекуваше да даде реална слика. Не ја даде реалната слика за состојбите со населението, особено со структурата, вели Новковска.
Универзитетската професорка Благица Новковска укажува на проблемите во последниот попис.
Се беше базирано на пописна методологија со таргетирана цели. Таа беше тендензиозна. Тоа значи дека кај нас во пописната методологија беа попишувани државјаните на Република Македонија и многу интересно беше дефинирано како тие ќе бидат опфатени „на престој во други држави“, но не и дека таму живеат. До денешен ден нема објавено податоци за тие државјани, додава Новковска.
Професорката вели дека нејзините проекции се слични на официјалните во однос на бројката.
Јас ги спорам податоците со факти, не е направено реално попишување. Беа презентирани и податоци од претходните пописи. Интересно е да се види дека имаме ублажен тренд до 2021 година и одеднаш драматично намалување на населението. Населението можеби е приближно тука. Моите согледувања се дека сме околу 1.800.000, но сепак немаме доволно официјално информации, продолжува Новсковска.
Новковска зборува околу структурата на население кое се ислува. Таа поентира дека квалификуваниот кадар и потенцијалот што се иселува е голем проблем, а затоа ќе има промени на пазарот на трудот.
Новковска се согласи со фразата „младите не бегаат, туку си одат – бега тој што згрешил“.
Младите не бегаат од државата. Бега тој што згрешил. Младите не згрешиле ништо. Мора да работиме да им дадеме поддршка, вели таа.
Освен за статистиката, со гостинката зборуваме и за сиромаштијата.
За едно четиричлено семејство потрошувачката кошница е со потценувачка вредност. За едно четиричлено да опстои потребни се 80.000 денари. Потрувачката кошница е за многу повеќе, вели таа.
Таа смета дека се можни манипулации на следните избори.
Можни се манипулации на престојните избори бидејќи ако се спореди бројот на лица опфатени со избирачкиот список ќе видиме дека е речиси идентичен со бројот на вкупното население. Тоа ми дава за право да кажам дека е огромна бројката на фантомски гласачи, вели екс директорката на ДЗС проф д-р Благица Новковска.
Целото интервју со Благица Новковска може да го погледнете во продолжение: