Нови 668 заразени со корона во земјава – починаа 7 пациенти

Од направени 3.974 тестови во последните 24 часа, регистрирани се 668 нови случаи на КОВИД-19 и 81 реинфекции. Оздравени се 887, а пријавени се седум починати лица, соопшти Министерството за здравство.

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, од новите случаи во Скопје се 340, Битола – 43, во Куманово и Струмица по 33, Охрид – 30…

Од вкупниот број на позитивни (668), регистрирани се 81 реинфекции.

Регистрирани сe 887 оздравени пациенти од: Скопје – 621, Битола – 39, Куманово – 36, Кавадарци – 32, Велес – 31, Неготино – 19…

Во текот на изминатите 24 часа, регистрирани се седум починати лица. Тројца починати се од Прилеп (80г, 80г и 81г), двајца од Скопје (78г и 82г) и по едно починато лице од Куманово (75г) и Струга (60г). Од пријавените лица сите се починати во болнички услови.

Досега во земјата се починати 8.898 луѓе, а бројот на активни случаи изнесува 7.595.