Нови 3.000 војници од САД во Полска, има страв од руска инвазија

Дополнителни 3.000 американски војници се стационираат во Полска за да ги обезбедат сојузниците во НАТО поради зголемените стравувања од руска инвазија на Украина.

Војниците, според официјални информации, кои се стационирани во Северна Каролина сега ќе ја напуштат базата и во наредните денови се очекува да пристигнат во Полска – изјави висок претставник на американската одбрана.