Маричиќ: Препознатите реформи од страна на ЕУ за нас се силна мотивација

Бојан Маричиќ – вицепремиерот задолежен за европски прашања Бојан Маричиќ на неговиот Фејсбук профил објави дека од големо значење е поддршката која земјата ја добива од Европската Унија во процесот на планирање и имплементација на проектите поддржани од европските фондови.

„Со евроамбасадорот Дејвид Гир и неговиот заменик, Џулијан Васало, на средбата го потврдивме препознавањето на напредокот во реформите од страна на Унијата што за нас е силна мотивација за да се продолжи со фокусирана посветеност на спроведувањето на препораките на Унијата. Следува период на интензивирање на работата на секторските работни групи во рамки на ИПА 2 фондовите, со максимален фокус на реализација на стратешкото планирање и цели на Владата, кои се поврзани со стратегијата за проширување, со цел побрза синхронизација со стандардите на ЕУ“ напиша Маричиќ.