Нови дојави за бомби во српски училишта – наставата онлајн

Наставата во српските училишта повторно ќе мора да се одвива онлајн откако има пријави за бомби во повеќе од 100 училишта низ земјата, јавуваат српските медиуми.

Училиштата ќе ги информираат учениците и нивните родители за начинот на организирање на наставата и враќање во училишните клупи, велат оттаму.

Министерството за образование на Србија информира:

„Пријавите пристигнаа на адресите на e-пошта на 134 основни училишта на територијата на Училишната управа на Нови Сад, како и во некои училишта во Пирот, Ниш, Бабушница, Власотинце, Лебане и Куршумлија“.

„Заради безбедност на учениците, училиштата го информирале министерството за заканата и полициски екипи се на терен“ се додава во соопштението. До крајот на полагањето, наставата ќе се одржува онлајн, а учениците ќе бидат вратени во клупите, по потврда дека состојбата е безбедна. Училиштата преку редовни комуникациски канали ќе ги информираат учениците и нивните родители за начинот на организирање на наставата и враќање на директната настава“, додаваат од Министерството за образование на Србија.

Ова претставува продолжение на дојавите за бомби низ Србија. За среќа, досега сите доајви се испостави дека се лажни, не беше пронајдена експлозивна направа во ниту едно училиште.