Новиот премиер на Австралија – Ентони Албанезе (59) утре треба да положи заклетва, по неговата вчерашна победа на парламентарните избори на неговата Лабуристичката партија.
Албанезе соопштил дека утре ќе положи заклетва со уште четворица сопартијци за да ги покрие сите министерски ресори „како привремен аранжман“, додавајќи дека ресорите потоа ќе се поделат од следната недела.
Албанезе е првиот лабуристички премиер од 2013 година. Тој за вторник најави дека ќе замине за Токио со лидерите на Јапонија, САД и Индија.
„Очигледно, средбата на четворицата лидери е апсолутен приоритет за Австралија. Тоа ни овозможува да испратиме порака до светот дека има промена на власта, ќе има некои промени во политиката, особено за климатските промени. Ќе се вратам во Австралија во среда, а потоа ќе се зафатиме со работа“ – рече Албанезе.
Вчера сè уште беше нејасно дали лабуристите на Албанезе ќе владеат самостојно или ќе треба да водат малцинска влада.
Досегашниот премиер Скот Морисон по изборниот пораз најави дека ќе поднесе оставка како лидер на Либералната партија.