Албанија ќе лобира за Косово во Совет на Европа

Линдита Никола – претседателката на парламентот на Албанија на средбата со делегацијата на Собранието на Косово во Тирана вети дека ќе лобира во сите парламенти на земјите членки на Советот на Европа за поддршка на пристапот на Косово во таа организација.

Делегацијата на Собранието на Косово се сретна со претставници на албанскиот парламент во Парламентарното собрание на Советот на Европа.

„На овие топли и пријателски средби се разговараше и за натамошно зајакнување на соработката меѓу двата парламента, во рамките на секојдневните парламентарни активности“ – се вели во соопштението од Собранието.

На средбата се разговарало и за интензивирање на ангажманот и на парламентите и на делегациите во Парламентарното собрание на Советот на Европа, само неколку дена по поднесувањето на апликацијата на Косово за членство во Советот на Европа.