Зеленски: Украина го „скрши ‘рбетот“ на руската армија!

Претседателот на Украина – Володимир Зеленски синоќа изјави дека неговата војска им нанела сериозна штета на руските вооружени сили и покрај падот на клучниот пристанишен град Мариупол.

„Украина го „скрши ‘рбетот“ на руската армија“ – рече Зеленски во телевизиско интервју.

„Нема да може да застане на нозе во следните неколку години“ – рече тој.

Неговата изјава доаѓа откако последните 2.400 украински борци од Мариупол се предадоа.

„Киев ќе го врати сето тоа назад“ – рече тој, додавајќи дека Украина ќе се врати на линиите на фронтот од пред 24. февруари, кога Русија изврши инвазија.