
Новата сезона во Хераклеја почна со туристи од Шпанија, Франција, Германија и Белгија
Мозаиците во Хераклеја повторно се достапни за јавноста, а првите годинешни туристи се од Шпанија, Франција, Германија и Белгија, потврдија за МИА од НУ Завод и Музеј - Битола.
Мозаиците во Хераклеја повторно се достапни за јавноста, а првите годинешни туристи се од Шпанија, Франција, Германија и Белгија – потврдија за МИА од НУ Завод и Музеј – Битола.
Според утврдената пракса, мозаиците во античкиот локалитет Хераклеја Линкестис, ремек-дела на ранохристијанската уметност, во периодот октомври – април се заштитуваат со заштитен слој од речен песок, деновиве песокот беше отстранет, а мозаиците откриени и достапни за јавноста.

Туристите најголем интерес покажуваат за мозаиците Голема Базилика, Мала Базилика и други, кои се на површина од речиси 1.300 квадратни метри, посочија водичите од НУ Завод и Музеј – Битола, институтција во чија надлежност е Хераклеја Линкестис, локалитет кој минатата година го посетија над 23.000 туристи од Полска, Франција, Италија, Германија, Чешка…, како и од сите држави на Балканот.