Николоски: Немаат проблем Македонците со Бугарите, имаат проблем Бугарите со Македонците!

„Борисов имаше подиректен настап, за разлика од новиот премиер кој и по карактер е различен. Прашањето е кога ќе се дојде до суштината, кога ќе се отворат неотворените прашања, за мене клучно е каде е Радев во оваа приказна. Тој е „носител“ на целиот бугарски проект. Дали ќе се држи на страна? Најголемиот дел од министрите беа негови предлози“ вели потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски во Трилинг.

Тој барањето на реципроцитет го објаснува со „немаат проблем Македонците со Бугарите, имаат проблем Бугарите со Македонците. Мора да има рамноправност во спор кој е измислен, вештачки“.