„Се работи за една влада која што е обид за спас на слободата на Зоран Заев, тој е свесен дека ќе дојде време кога ќе треба да одговара за криминалот и злоделата кои што ги направил, и се обидува да го одложи тоа време и оваа влада е продукт на таков компромис од една страна, и од друга страна оваа влада е влада во која што апсолутна доминација има политичката партија ДУИ“. Ова е изјава на потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ – Александар Николоски во интервју за радиото „Македонски корени“ од Сиднеј, Австралија.
Тој потенцира дека причина зошто власта бега од одржување на предвремени парламентарни избори е лошиот рејтинг, но и серијата на лоши политики и потфрлање во делот со справување со енергетската, економската и здравствената криза.
„Немам никакви очекувања по однос на оваа влада, бидејќи Македонија по сите параметри потфрла, дали е тоа енергетската криза каде што порасна цената на електричната енергија или цената на греењето кое во Скопје ем е поскапо, ем и скоро да го нема, буквално илјадници станови во градот се без парно греење, а граѓаните смрзнуваат затоа што нема соодветно парно греење. Понатаму во делот со справување со економската криза, со здравствената криза, една серија на серија на потфрлање и лоши политики кои што се резултат на овие лоши компромиси. И затоа ние континуирано бараме предвремени парламентарни избори и доколку власта беше сигурна дека добро стои помеѓу луѓето тогаш ќе се согласеше да оди на предвремени избори, но имајќи во предвид дека се свесни дека имаат исклучително слаб рејтинг бегаат од изборите“ рече Николоски.
За сознанијата дека пратеникот Кастриот Реџепи на денот на гласање на недоверба на Владата бил чуван во премиерската вила на Водно рече:
„Кастриот Реџепи беше киднапиран на денот на гласање и тоа не сака да го признае ни тој, ниту ти кои што го киднапираа, но тоа е факт и тоа беше единствената причина зошто не се појави во Собранието. Инаку тој ја подржа иницијативата за гласање на недоверба на владата и тој беше 61-от кој што всушност се потпиша на таа иницијатива. Значи сакаше условно кажано да биде тој со чии што глас ќе се одлучува и немаше ниту една логика во неговото променливо однесување, освен тоа што се случи. Затоа што доколку меѓувремено се предомислил во тие три дена од поднесувањето на иницијативата до гласање на недоверба на владата, можеше да дојди во собранието и да гласа за останување на владата или можеше да дојде во собранието и да одржи прес конференција на која што ќе каже дека мисли дека владата на Заев е добра. Но, наместо тоа исчезна, а исчезна затоа што некој не бил сигурен како ќе гласа дента во собранието и потоа ја доби онаа позната понуда од латиноамериканските крими филмови сребро или олово и очигледно го избрал среброто и затоа го направи тоа што го направи. Во меѓувреме до мене дојде сознанија дека на денот на гласање бил чуван во премиерската вила на Водно која што е државен објект. Точно е дека премиерот ја користи но таа не е приватен, туку државен објект, и тоа е директна злоупотреба на државни ресурси и е тешко кривично дело затоа што пратеник кој што е највисок орган во државата да биде чуван во државен објект е кривично дело и за тоа ќе има кривична одговорност. И самиот Кастрио Реџепи еден ден по мојата изјава практично ја потврди мојата изјава со тоа што не демантираше дека бил таму и на тој начин се потврди каков авторитарен режим во моментот владее со Македонија, за кој што единствено што размислува е да го заштити криминалот“.