Николоски избран за потпретседател на Европската народна партија во ПС на Совет на Европа

Александар Николоски – потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ на првиот ден од зимската сесија на Парламентарното Собрание на Совет на Европа, која се одржува во хибриден формат е избран за потпретседател на групата на Европската народна партија во ова Парламентарно Собрание.

Од ВМРО-ДПМНЕ соопштија дека овој избор значи дека Николоски ќе биде еден од лицата кои ќе координираат со работата на Европската народна партија во ПС на Совет на Европа.

Покрај него, на оваа значајна позиција избрани се и Бернард Фурние од Франција сенатор со најдолг стаж една од најзначајните фигури на француската политика, Дора Бакојани од Грција поранешен министер за надворешни работи, Улрих Вокер од Германија, Луис Рамос од Португалија и Ингерд Шо од Норвешка.

„Николоски во својот ангажман секогаш ќе стои во промоција и одбрана на интересите на Македонија, како и на националните и јазични малцинства во регионот, како и правото на македонците на самоопределување во сите балкански држави, како што тоа го правеше и во минатото“ – наведуваат од ВМРО-ДПМНЕ.