Урсула фон дер Лајен – шефот на Европската комисија рече дека не ја поддржува идејата за бојкот на самитот на Г20 доколку на него учествува рускиот лидер Владимир Путин.
„Треба многу внимателно да размислиме како нема да ја парализираме целата Г20. Затоа не ја поддржувам“, – изјави Фон дер Лајен за германскиот телевизиски канал „ZDF“.
Таа смета дека форматот Г20 е од големо значење не само за развиените, туку и за земјите во развој. Вели дека е неопходно меѓусебно да се разговара за моменталната ситуација во светот.
Самитот на лидерите на Г20 се очекува да се одржи на 15 и 16 ноември на Бали. Поканети се лидерите на сите земји од Г-20, меѓу кои и рускиот претседател Владимир Путин.
На предлог на САД и нивните сојузници, индонезиската Влада ја покани и Украина на самитот.