Нетанјаху: ИДФ е подготвен да оперира во Рафа и да го евакуира цивилното население

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска изјави дека израелските одбранбени сили (ИДФ) се подготвени да оперираат во Рафа, да го евакуираат цивилното население и да дистрибуираат хуманитарна помош.

„Тоа е вистинската работа да се направи оперативно и меѓународно“, рече Нетанјаху во обраќањето од неговиот кабинет во Ерусалим, пренесува „Тајмс оф Израел“.

Додаде дека за таква операција е потребно време, но вети дека баталјоните на Хамас во Рафах ќе бидат елиминирани.

Тој истакна дека израелскиот упад во Рафах не бил одложен поради Рамазан, притисокот од Соединетите Американски Држави или „какво било двоумење“.