Непозната судбината на 75 рудари во Русија откако избил пожар во рудник за јаглен
Најмалку 45 рудари се заробени под земја откако избил пожар во рудник за јаглен во областа Кемерово во Сибир, соопштија од регионалниот истражен комитет.
„Во тек е операцијата на евакуација на рударите од рудникот `Листвијажнаја` и досега на површина се извадени 70 рудари. Според прелиминарните податоци, голем број работници се затруени од чад, а во моментов се утврдува и бројот на жртвите во инцидентоt“, соопшти Комитетот.
Сепак, медиумите во Русија според официјален претставник на рудникот, јавуваат дека засега не е позната судбината на најммалку 75 рудари.