Непозната жена пронајдена мртва во Вардар

Пронајдена мртва жена во с.Ново Село во Вардар вчера околу пладне.

Од екипа на противпожарната единица Скопје телото било извадено од реката и по наредба на Јавен обвинител било предадено за обдукција. Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје. Се преземаат мерки за утврдување на идентитетот, велат од МВР.