Нема никаква комуникација на највисоко ниво меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ

Потпретседателите на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ – гости во Трилинг. Велат нема комуникација на највисоко ниво меѓу двете партии:

„За да има нормален политички дијалог, треба да има условно кажано нормални политичари од двете страни. Во мандати на СДСМ се направени големи успеси за државата. Сега и автокефалност на црквата. Со ВМРО-ДПМНЕ се поврзуваат негативни работи, сведоци сме во цел свет кризата моментална настана пред се од воениот конфликт, но во последиците сме рамноправни, но во соработката не сме. Сите нормални земји соработуваат власт – опозиција“ вели потпретседателот на СДСМ – Стефан Богоев.

„СДСМ да ја прифати нашата иницијатива за лидерска средба. Крајно неодговорно е што двете најголеми политички партии немаат нормална комуникација и дијалог, има толку значајни прашања во државата за кои мора да се разговара. Првпат откако јас знам нема никаква комуникација на највисоко ниво меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ. Лошо е пред се за државата“ вели потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски.