Украинскиот претседател – Володимир Зеленски објави видео на Фејсбук за кое вели дека е од градот Виниција.
„Ракети го погодија центарот на градот. Има повредени и убиени, меѓу нив и мало дете. Русија секојдневно уништува цивили, убива украински деца, истрелува ракети врз цивилни објекти. Каде што нема ништо воено. Што е ова ако не е отворен терористички чин? Нелуѓе. Земјата што убива. Терористичка земја“- напиша Зеленски на социјалната мрежа Фејсбук.