Најпопуларниот балкански актер стана татко

Српскиот актер Милош Биковиќ стана татко, а неговата згодна свршеница Ивана Малиќ роди син кој го крстија Василије.

Милош се труди да ја задржи приватноста за себе, меѓутоа, во една прилика на својот Инстаграм профил сподели дел од станот во Белград во кој живее со убавата црногорска адвокатка Ивана Малиќ.

Милош Биковиќ пред две години го купил станот во Дорчол, кој наскоро ќе биде гнездо на неговото проширено семејство.

Како што открива фотографијата од семејниот дом, ѕидовите над огништето се украсени со икони, како и портретот на Милош од филмот „Сончаница“, кој му ја отвори вратата на рускиот пазар.

Заедно со нивниот син, новопечените родители наскоро ќе се преселат во својата оаза на мирот.

Како што рече во едно интервју, актерот не планира да ја запостави кариерата во Русија, па со семејството ќе живее на релација Белград- Москва.

– За мене Ивана и семејството значат сидро. Закотвување. Тоа е некако противтежа на сета моја лудост. Во една реченица – заклучил Биковиќ.

Инаку, Милош и Ивана вчера станаа родители по првпат. Ивана се породи во една белградска приватна болница.