Трилинг – Постои ли опасност од бугаризација?

Македонскиот шеф на држава Стево Пендаровски на почетокот на октомври ќе учествува на регионален лидерски самит на земјите од регионот, плус Азербејџан. Пендаровски и Радев ќе се сретнат и разговараат во Софија.

Македонскиот претседател во интeрвју за емисијата Трилинг открива дека во последниве неколку недели четирипати телефонски разговарал со Радев за поголема енергетска соработка за извоз на струја од Бугарија. Во интервју за Трилинг, Пендарoвски одговара за новата железна завеса што Путин ја создава во Европа, зошто не треба да се брза со уставните промени околу уставниот статус на Бугарите во Македонија, за тоа дали постои ли опасност од бугаризација, за заштитничкиот однос кон криминалците кои направија огромни богатства во изминативе две декади. Постои ли Дуизација во актуелната македонска политика?