Најголемиот дијамант продаден e за 3,75 милиони евра
Црн дијамант – најголемиот избрусен во светот е продаден за 3,16 милиони фунти (околу 3,75 милиони евра).
Аукциската куќа „Сотби“ објави дека „купувачот одлучил да користи криптовалута за купување дијаманти.
Kупувачот официјално не беше соопштен, но по наддавањето, претприемачот кој се занимава со криптовалути – Ричард Харт, на интернет се пофали дека тој е купувачот.
Тој додаде дека скапоцениот камен ќе биде преименуван во „HEX.com дијамант“, како што се нарекува блокчејн-платформата што тој ја основал.
Дијамантот е откриен само во Бразил и Централноафриканската Република. Бидејќи тој содржи осборнит – минерал којшто се наоѓа само на метеори, се верува дека каменот потекнува од Вселената.
Црните дијаманти обично се стари меѓу 2,6 и 3,2 милијарди години – пред времето на диносаурусите.