
Национална конференција „Промените во семејството и потребата од реформи во семејното законодавство“
Најавено е учество на професори од областа на семејното право, социологија на семејството и семејните студии, судии од Уставниот суд и Врховниот суд, претставници од ресорни министерства, центри за социјална работа, адвокати, медијатори и невладините организации. Тие ќе дебатираат на четири панели: „Промените во брачните и семејните односи во современото општество„, „Зошто се потребни реформи во заштитата на правата на детето?“, „Кои реформи се потребни во уредувањето на брачните имотни односи?“ и „Проблеми во заштитата на правата на детето во практиката“.
Национална конференција на тема: „Промените во семејството и потребата од реформи во семејното законодавство“ ќе се одржи денеска во Скопје, во организација на Институтот Јуридика Прима.
Најавено е учество на професори од областа на семејното право, социологија на семејството и семејните студии, судии од Уставниот суд и Врховниот суд, претставници од ресорни министерства, центри за социјална работа, адвокати, медијатори и невладините организации. Тие ќе дебатираат на четири панели: „Промените во брачните и семејните односи во современото општество„, „Зошто се потребни реформи во заштитата на правата на детето?“, „Кои реформи се потребни во уредувањето на брачните имотни односи?“ и „Проблеми во заштитата на правата на детето во практиката“.
Организаторот на конференцијата посочува дека во македонското семејно законодавство, за разлика од другите европски земји, повеќе од три децении не се направени позначајни реформи и покрај тоа што се случуваат брзи и динамични промени во брачните и семејните односи. Најавува дека на Конференцијата ќе се укаже на потребата од темелни реформи на семејното законодавство со цел да се обезбеди негово усогласување со глобалните реформи во семејните законодавства во другите европски земји и да се обезбеди подобра заштита на сите членови на семејството, а особено на децата.
– На Конференцијата ќе се разговара се длабоките промени во сите сегменти на брачните и семејните односи во Македонија, како и за предизвиците со кои се соочуваат современите семејства. Имајќи предвид дека семејството е основна клетка на општеството, овие промени се рефлектираат и на сите сегменти на општествениот живот во нашата држава. Во овој контекст на Конференцијата ќе се презентираат реформите во семејното законодавство кои се предвидуваат во Книга 4 Семејноправни односи во Нацртот на Граѓански законик на Република Македонија. Една од основните причини поради кои се организира оваа Конференција е да се упати апел до надлежните институции, како и до целокупната македонска јавноста дека е крајно време да се реформира семејното законодавство, пред се за да се обезбеди подобра заштита на правата и интересите на децата кои се иднината на нашата држава. Организаторот и учесниците на оваа Конференција чувствуваат лична обврска и одговорност да ги иницираат потребните реформи кои се однесуваат на правата на децата затоа што на нив им го должиме најдоброто!, се вели во најавата за настанот.