Насоки и предлози има, кризни мерки се` уште нема

На владиниот пакет мерки за помош на стопанството ќе се чека барем уште една недела. Иако бизнис-секторот имаше ултиматум кој истекуваше денеска за да се соопштат мерките на Владата за помош, по состанокот на Економскиот совет во проширен состав на кој беа присутни преставници на академската заедница, универзитетски професори, бизнисмени, претседателите на Стопанските Комири и Синдикатот, рокот се пролонгираше за нови седум дена.

Присутните на средбата биле брифирани од премиерот Димитар Ковачевски за тоа што превзема Владата и кои чекори планира да ги направи за да го ублажи и амортизира ценовниот шок и високите цени на струјата, а бизнис – секторот предлози како мерките да бидат што поуспешни.

„Нашите мерки што се дадени како Комори и од бизнис секторот е да се ограничуваат маржите на производителите на струја. Исто така се согласивме во иднина, дел од можното снабдување со струја од странство и производството на струја во нашата држава да се направи математичко калкулирање, да се најде просекот и да се подели. Значи ако цената на струјата од домашно производство е 100 евра а на слободниот пазар 300 евра, тие цени да се поделат а компаниите да плаќаат струја на слободниот пазар по пониска цена од онаа на берза. Идејата е да си помогнеме за да се надмине кризата. Разговаравме и сите закони во Собранието кои се однесуваат на енергетскиот сектор да не се блокираат“, изјави Неби Хоџа, претседател на Стопанска Комора на Северозападна Македонија.

Еден од предлозите е струјата од обновливите извори и од „ТЕ-ТО“ да биде наменета за стопанството.

„Се разговараше доколку се направат одредени комбинации со вклучување на „ТЕ-ТО“ и обновливите извори на струја да се добие цена од околу 300 евра која државата би ја понудила на реалниот сектор. Таа количина би била фиксна. Факт е дека за сите 1.600 компании нема да има доволно струја. Ќе се види кој може да извржи. Тоа е индивидуално, каков му е производот и брзантската цена. Конкретен датум за антикризните мерки не добивме, денеска имаше широка дискусија. Доколку компаниите се остават без никаква помош ќе биде страшно“, вели Трајан Ангелоски, претседател на Сојуз на Стопански комори.

Пред почетокот на состанокот на Економскиот совет, претставникот на МАНУ Таки Фити, соошти дека ќе ја презентира стратегијата за зајакнување и засилување на енергетските капацитети во Северна Македонија.

Од Синдикатот пак соопштија дека испорачале пет барања.

„ССМ бара платите во државата да го следат порастот на инфлацијата но и порастот на синдикалната кошница која ја изработува ССМ. ССМ бара доследна примена на одредбите од колективните договори за усогласување на платите согласно порастот на инфлацијата како и утврдување на ваква одредба во општиот колективен договор за јавен сектор и општиот колективн договор за приватен сектор. ССМ бара проширување на досегашни анти кризни мерки со замрзнување на маржата кај досега определените продукти како и проширување на повеќе прехрамбени продукти.ССМ бара да се воведе повторно мерката за право на платежна картичка за купување домашни производи и плаќање на сметките за електричната енергија за одредена категорија на работници и граѓани кои се најзагрозени и најпогодени од економската криза. ССМ бара да се овозможи бесплатен градски превоз до и од работа со оглед на тоа што таквиот трошок за вработените граѓани е секојдневен и неизбежен, а несомнено го оптеретува домашниот буџет“, соопштија од Синдикатот.

Од опозициската ВМРО – ДПМНЕ информираа дека согласно вчрашниот договор, до министерот за економија Крешник Бектеши ги доставиле контактите од компаниите за кои партијата тврди дека можат да испрачаат гас и мазут во Северна Македонија по пониска цена од онаа која е на светските берзи.

„Обврските кои ги имаше ВМРО – ДПМНЕ се исполанети, предадени се контактите и договорени се средбите по кои Владата трба да изменаџира за количини на гас и мазут“, соопштија од партијата.

Лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски и неговиот економски тим не присуствуваа на средбата на Економскиот совет, бидејќи, како што соопштија вчера, сите теми за разговор се исцрпени.