Муџахедини од Скопје, Гостивар, Куманово и Струга се бореле за ИСИС во Сирија, Владата води „црна листа“

Владата води „црна листа“ со имињата на борци од Македонија кои биле да војуваат во Сирија, за терористичката организација „Исламска држава“ (ИС/ИСИС), а во последниот број на Службен весник ги објави имињата на 15 борци против кои се воведени финансиски санкции во согласност со Законот за рестриктивни мерки.

Тоа се луѓе кои не се во државата и против нив веќе имало истраги, а по нив се распишани меѓународни потерници.

Во одлуката, објавена во Службен весник и на веб-страницата на Управата за финансиско разунавање. Тие со владина одлука се финансиски казнети поради учество во војната во Сирија која трае веќе 11 години и обезбедување пари за други да учествуваат во војната како дел од ИСИС. Оваа одлука е донесена на 13 септември со потпис на вицепремиерот Артан Груби.

15-темина македонски државјани, чии имиња се објавени во владина одлука од месецов, се млади луѓе, на возраст главно од околу 30 години, по потекло од Скопје, Гостивар, Куманово и Струга. Тие заминале од Македонија во 2014 и 2015 година, приклучувајќи се на ИСИС, за да се борат во граѓанската војна во Сирија. Дел од нив се и кривично гонети. Проценките на власттие се дека од земјата досега на странски боишта заминале 156 луѓе, а во земјава се вратиле 83-ца.

Одлуката е донесена на 13 септември со потпис на вицепремиерот Артан Груби, а е објавена во Службен весник и на веб-страницата на Управата за финансиско разунавање.