Налог за апсење на осум полицајци поради примање поткуп

Основното државно обвинителство во Црна Гора соопшти дека во предметот што се работи во ова обвинителство за кривичното дело поткуп, распишало налог за апсење на осум полицајци.

„Основното државно обвинителство во Подгорица издаде наредба до Министерството за внатрешни работи – Оддел за внатрешна полициска контрола да се лишат осум полициски службеници од Секторот за гранична полиција (Ј.Н., Р.З., Ж.И., Е.Д., П.М., Б.И., Р.В. и М.Д.)“ – соопштија од ОДТ.