Над 30 торнада ги погодија САД – загинаа 79 лица
САД „нападнати“ од торнада, а бројот на жртвите барем засега е 79. Дури 70 од загинатите се од американската сојузна држава Кентаки, рече гувернерот Енди Бешеар.
„Бројот на загинатите би можел да биде и поголем од 100“ рече Бешеар.
Најразорно било во округот Грејвс, кај градот Мејфилд каде живеат околу 10.000 луѓе.
Локалните медиуми јавуваат дека од синоќа се создале најмалку 30 торнада, предизвикувајќи огромни штети.
Силното невреме ги погодило и државите Арканзас, Илиноис, Кентаки, Мисури, Мисисипи и Тенеси.