Над 1,5 милиони луѓе во Европа починаа досега како последица на Ковид 19
Во Европа од Ковид-19 досега починале над 1,5 милиона лица, пренесуваат француските медиуми. Податоци покажуваат дека првиот смртен случај во Европа е регистриран во февруари 2020 година.
Од јули годинава има раст на бројот на нови смртни случаи во Европа, а само во последните седум дена има просечно по 4.210 фатални исходи дневно.
Најтешката недела по бројот на починати е во периодот од 14-ти до 20-ти јануари годинава, пред да почнат да се аплицираат вакцините против вирусот.
Во моментов, Русија е најпогодената земја во Европа со просечно по 1.246 смртни случаи во ден.
Бројот на нови инфекции во Европа овој месец е безмалку 370.000 случаи дневно.
СЗО најави дека стравувањата се дека до пролет ќе има дополнителни 700.000 смртни случаи од коронавирусот на Стариот континент.