Набљудување на Месечината од плоштадот „Македонија“, организира Скопското астрономско друштво

Скопското астрономско друштво вечер организира јавно астрономско набљудување на плоштадот „Македонија“.

Скопското астрономско друштво вечер организира јавно астрономско набљудување на плоштадот „Македонија“.

Од 19:30 до 22:00 часот, во близина на фонтаната, ќе бидат поставени телескопите на друштвото преку кои ќе може да се видат кратерите на Месечината.

-Дојдете со вашите пријатели или со семејството и искористете ја можноста одблизу да ги погледнете кратерите на Месечината низ нашите телескопи. Членовите на друштвото ќе бидат присутни за да одговорат на вашите прашања и да ве запознаат со интересни факти за ноќното небо, велат од Скопското астрономско друштво.