Поранешниот генерален секретар на Владата, Мухамед Зеќири по неколку месеци поминати во притвор во истражниот затвор „Шутка” во Скопје поради здравствени причини заминува во куќен притвор.
Одлуката, како што потврдија од Апелацискиот суд Скопје ја донеле денеска. Од судот посочија дека на Зеќири му е одземен пасошот.
Мухамед Зеќири е осомничен за злоупотреба на службената положба и овластување. Според обвинението тој без спроведување на соодветна постапка за јавна набавка, склучил договор за консултантски услуги со правно лице во што со умисла му помогнале хрватски државјани.