„Овие вести се само за дијазепам – поскапе буквално се, се кренаа цените, ќе доведе до поголема сиромаштија, владина диета, летово ќе сме слаби како англискиот на Заев, наесен ќе сме слаби како српскиот на Заев – на зима кој е преживее – ќе раскажува“.
„Во неделата во Тетово апокалипса од мали размери, имаше потоп, па земјотрес, па пожар. Кај што има дим, таму е Стојанче Ангелов. Додека нашите пожарникари го изгаснаа пожарот, американските пожарникари не беа ни стигнати во Тетово“.
„Социјалните мрежи преокупирани со скандал, некој професор Темелко добивал пари за да ги фали СДСМ, а излезе и афера дека Рашковски и Зекири плаќале хонорарци да ги фалат, да ги бранат“ вели меѓудругото Божидар Божиновски алијас Моџо Килингтон во најновото издание на рубриката (Не)реално со Моџо.