„Добро вечер за сите религиски заедници, но неделава ќе ја почнеме со фудбалот. Изгубивме од Португал, и овој пораз не е страшен, бевме на чекор до Светско. Оваа генерација покажа дека иако сме мали, може да сме на чекор со поголемите нации“
„Кај нас фудбалот имаше контроверзии, функционери со гратиси, па без гратиси, имаме сметки, немаме сметки. Кај се сметките. Само Фатиме пушти сметки“
„Први април – Ден на шегата, но нема да го славиме затоа што ништо не е смешно. Битно младите заминуваат, доктори на науки бегаат од државата“
„Бугарите кои требаше да се 200.000, па се намалени, само 3.500 се. Сакаат во Устав, може да ги пишеме и со име и презиме, со лична карта“
„Пописот даде интересна назнаки, дали има живот после смртта“
„Продолжува и одливот на мозоци, Теута Арифи не ја примија во САД, сега сака да оди во Брисел“.
Ова се дел од денешните пораки на нашиот и ваш – Божидар Божиновски алијас Моџо Килингтон.