„Во Дебар Маало нема простор за паника, во Мариово има огромен простор за паника“.
„Од Владата убедуваа дека нема простор за паника, сепак излезе дека има простор за паника откако стигнаа бензинот и дизелот на историско високи 90 и нешто денари“.
„Има криза и со брашното, нема зелка, нема моркови – јадете месо. Во Владата како немаат криза, јадат срна, рамстек, бифтек, дали се пожалиле некогаш?“.
„Во Запорожје гореше нуклерка, а во основа кој и да ја запалил – треба да е прилично глуп“.
„За Украина – состојбата е лоша, нема знаци на подобрување, ќе потрае кризата. Ќе има промена за сите нас, да посакаме мир – нека завладее мир во светот, и во Сомалија, Јемен, секаде каде што гинат недолжни“.
Ова е пораката на нашиот и ваш Моџо Килингтон во рубриката „(Не) реално со Моџо“.