Моќниот Бразил ја прескокна Јужна Кореја и закажа дуел со Хрватите во четвртфинале

Фудбалерите на Бразил ја оправдаа фаворитската улога во осминафиналниот натпревар против Јужна Кореја и со победа од 4-1 се пласираа во четвртфиналната фаза каде за противник ќе ја имаат Хрватска.

Голеадата започна уште во 7. минута кога Винисиус Џуниор ја затресе мрежата на Ким, а сите дилеми за победник беа решени неколку минути подоцна. Нејмар реализираше од белата точка за 2-0, а неговите стапи ги заследија и Ричарлисон и Пакета за високи 4-0 на полувремето.

Бразил продолжи да напаѓа и во второто полувреме, но овој пат голманот Ким не дозволи да биде совладан.

Јужна Кореја одигра далеку подобро во второто полувреме, стигна до неколку шанси за погодок, а успеа да го совлада Алисон со евроголот на Паик во 76. минута.