„Москва ќе создаде 12 нови единици како одговор што Шведска и Финска влегуваат во НАТО“

Сергеј Шојгу – рускиот министер за одбрана вели дека Москва ќе создаде нови воени бази во своите западни региони и ќе формира 12 нови единици и дивизии како одговор на потегот на Шведска и Финска да се приклучат на НАТО.

„Тензијата продолжува да расте во зоната на одговорност на Западниот воен округ. Преземаме соодветни контрамерки. До крајот на годината таму ќе бидат формирани 12 воени единици и дивизии“ – рече Шојгу.

Финска и Шведска пред два дена поднесоа барање да се приклучат на НАТО, откажувајќи се од својот долгогодишен статус на неутралност.

Два дена, пак, пред тоа рускиот претседател Владимир Путин рече дека членството на Шведска и Финска во НАТО не претставува закана за Русија, но предупреди дека Москва ќе одговори доколку Алијансата ја зајакне воената инфраструктура во двете земји.