Министерство за надворешни работи на Русија соопшти дека сите кои испорачале смртоносно оружје во Украина ќе одговараат, доколку се употреби за време на руската воена операција во земјата. Чекорите што ги презема Европската унија против Русија нема да останат без одговор – тврдат од руското МНР.
Безмалку сите европски земји најавија помош за Украина во оружје.
Норвешка ќе донира 2.000 фрлачи на противтенковски ракети М72, се наведува во соопштението на тамошната влада.