Загинаа 70 украински војници при гранатирање на градот Охтирка

„Руските трупи го гранатираа малиот украински град Охтирка, во регионот Суми, од повеќекратните ракетни системи за лансирање, при што загинаа повеќе од 70 украински војници“. Ова стои во соопштението на шефот на регионалната воена управа на Суми – Дмитро Живицки, пренесува „Укринформ“.

„Воената единица во Охтирка претрпе силно непријателско гранатирање од МЛРС Град и, за жал, е целосно уништен. Повеќе од 70 војници се убиени. Има цивилни жртви. Блокадите се демонтираат сега и може да се најдат повеќе мртви војници под нив“ – соопшти Живицки.

Според него, од ноќта на 1. март состојбата на северот од регионот е повеќе или помалку стабилна, но градот Конотоп и понатаму е под опсада.