Премиерот на Полска – Матеуш Моравјецки стравува од руски напад врз неговата земја, но и Финска или балтичките земји, па ја повика Европа да ги удвои трошоците за одбрана по инвазијата на Москва врз Украина.
Путин „ќе сака да ја развие својата агресивна политика, својата инвазија“ – рече Моравјецки за францускиот весник „Ouest-France“.
„Почна во Грузија, сега Украина. Следна цел би можеле да бидат балтичките земји, Полска, Финска или други земји на источното крило“ – смета Моравјецки
Премиерот на Полска рече и дека „ни треба силна европска армија“.