Судското рочиште за предметот „Плацеви на Водно“ денеска се одложува – причина е отсуството на обвинетиот Сашо Мијалков.
Спофред неговата одбраната, тој е позитивен на коронавирусот, а заразени со опасниот вирус биле и дел од адвокати на останатите обвинети.
Денеска требаше да биде сослушан сведокот Кирил Божиновски.
Следното рочиште е закажено за 24. јануари.
Случајот го води судијата Илија Трпков, а застапник на обвинението е обвинителката Лиле Стефанова.
Во овој случај Никола Груевски е обвинет за делата „перење пари и за противправно стекнување и прикривање на имот”, неговиот кум Ристо Новачевски, бизнисмените Ненад Јосифовиќ, Јордан (Орце) Камчев и Ратка Куновска Камчева се товарат за „перење пари”, а Сашо Мијалков, е обвинет за „помагање при кривично дело перење пари“.