Мишел ќе свика самит ако Русија ја нападне Украина

Шарл Мишел – претседателот на Советот на ЕУ планира веднаш да свика специјален самит на европските лидери во случај на руски напад врз Украина.

„Тоа ќе обезбеди обединета одлука за санкциите“ – рече денеска Мишел на Минхенската безбедносна конференција.

За заканата од руските војници во близина на границите на Украина, Мишел рече:

„Тие се надеваа дека ќе посеат раздор, ќе го ослабат нашиот сојуз и ќе нè поделат, но го постигнаа токму спротивното“.

Тој нагласи дека кохезијата е зацементирана и во ЕУ и преку Атлантикот.