„Грција го поддржува членството на Шведска и Финска во НАТО и сега не е најдобро време ова прашање да се употребува за пазарење“ порача синоќа грчкиот премиер Киријакос Мицотакис.
Тој додаде дека Грција ги поддржува членствата на Шведска и Финска во НАТО.
„Тоа е нивно суверено право. И на крајот не очекувам да има сериозни забелешки“ – изјави тој.
За да ја осигураат својата безбедност, откако Русија изврши инвазија во Украина, Стокхолм и Хелсинки најавија дека ќе поднесат формално барање за членство во воената алијанса.
Грчкиот премиер е во дводневна официјална посета на Вашингтон и доцна синоќа во Белата куќа имаше средба со американскиот претседател Џо Бајден.