Мицотакис бара дигиталниот сертификат да важи само по примена трета доза од вакцината

Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис од претседателката на Европската Комисија ќе побара дигиталниот сертификат за вакцинација против Ковид 19 да биде валиден само по примена трета доза.

 

„За валидноста на сертификатите, во допис до претседателката на Европската Комисија ќе предложам дигиталната европска потврда да важи само доколку ја наведува третата доза по шест месеци. Со цел да избегнеме било каква пукнатина во ѕидот на имунитетот што е веќе изграден на нашиот континент“ рече Мицотакис.

 

Од понеделник, според него, сите невакцинирани полнолетни грѓани, освен во угостителските објекти, нема да имаат пристап до други затворени простори, како кината, театрите, музеите или фитнес центрите.

 

Мицотакис објасни дека на граѓаните им се даваат седум месеци по ревакцинацијата, односно еден дополнителен месец по поминувањето на периодот од шест месеци за вакцинација со третата доза.

 

Грчкиот премиер рече и дека над 7 милиони Грци ја одбраа вакцината како излез од пандемијата, што претстваува тројца од четворица возрасни.

 

Него го загрижува податокот што 575.000 граѓани над 60 години се невакцинирани.