Министерот за здравство ќе се вакцинира со трета доза против Ковид-19

Беким Сали – новиот министер за здравство денеска ќе се вакцинира со трета доза вакцина против коронавирус, во рамки на заедничката акција со студентите на Медицински, Стоматолошки и Фармацевтски факултет.

Од Министерството за здравство информираа дека станува збор за иницијатива на студентите од овие факултети, во насока на промоција на имунизацијата како најдобра јавно здравствена превентивна мерка.