„Германската влада сака го спречи најлошото со вакцинирање со бустер доза. Не се исклучуваат и нови политички одлуки откако експертите кои ја советуваат владата ќе ја проценат опасноста од новата корона-варијанта. Поради новата варијанта на коронавирусот,Омикрон, Германија е соочена со „масивен петти корона-бран“. Ова го изјави министерот за здравство – Карл Лаутербах.
Тој смета дека Омикрон-бранот може да се одложи, но не и да се спречи, а можно е и да бидат донесени нови политички одлуки откако експертите кои ја советуваат Владата ќе го кажат своето во врска со опасноста од новата корона-варијанта.
„Мора да сметаме со тоа дека Омикрон-бранот пред кој сме исправени, а кој според мое мислење не може да се спречи, ќе претставува голем предизвик за нашите болници, за нашите одделенија за интензивна нега, но и за општеството во целина“, вели германскиот министер за здравство, додавајќи дека таков предизвик досега во пандемијата не е виден. Она што сега се случува во Велика Британија, вели Лаутербах, го надминува сето она што досега е видено во текот на пандемијата. „Единственото нешто што штити од тежок тек на болеста при инфекција со Омикрон е бустер-вакцина“, тврди Лаутербах.
Досега во Германија бустер-дози имаат добиено 24,1 милиони граѓани, односно 29% од населението.