Милановиќ: Владата на Пленковиќ е најкорумпираната хрватска влада досега
Премиерот на Хрватска – Зоран Милановиќ со оценка: Владата на премиерот Андреј Пленковиќ е најкорумпираната хрватска влада досега!.
„Пленковиќ штити, кондензира и става во сенка и заштита, категорично луѓе кои се едноставно корумпирани. Не можам тоа да го наречам поинаку“ – изјави Милановиќ во интервју за „РТЛ Данас“.
Тој го повтори и својот став дека хрватското државно обвинителство „не постои“ по скандалот со поранешната министерка Габриела Жалац, и повтори дека Хрватска никогаш немала покорумпирана влада, додавајќи дека „овие луѓе го презираат законот“.
Милановиќ нагласи дека нема да ја отстрани ознаката за тајност од своите патувања и рече дека тоа е доверлив податок, бидејќи тој е заштитено лице 24 часа дневно и јавноста не треба да ги знае тие информации.