Ковачки: Ковачевски и Османи бегаат и не кажуваат што точно доставиле до Софија

„Бугарската влада соопшти дека се преговара за вметнување на Бугарите во Уставот на Република Македонија и тоа не за дали, туку кога Бугарите ќе бидат впишани во Уставот.  Од друга страна, и покрај пресудите на ЕСЧП за правата на Македонците во Бугарија, изјавуваат дека нема да дозволат ниту да се признае постоењето на македонското малцинство во Бугарија, а камоли истото да биде впишано во бугарскиот Устав и истото да ги добие сите права согласно меѓународните стандарди“. Ова денеска го изјави членот на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Ковачки.

Тој рече дека вчера „министерот за надворешни, Бујар Османи не собра храброст пред пратениците и македонската јавност да каже за што точно се преговара и што точно содржи пакетот 5+1. Бујар Османи не достави никаков писмен материјал до пратениците туку се обиде со усно објаснување да дефокусира од клучните прашања за кои е заинтересирана бугарската страна, односно за македонскиот јазик кој не сакаат ниту да го споменат, и за етногенезата на македонскиот народ“

„Ковачевски и Османи бегаат и не доставуваат што точно доставиле до Софија. Од страна на Османи и Ковачевски не бил испочитуван ниту принципот за на реципроцитет, односно рамноправност којшто како Влада се обврзани да го почитуваат, а истиот произлегува од Резолуцијата изгласана во македонското Собрание. Како и Зоран Заев, така и Ковачевски првата работа што ја прави е ветување на надворешни фактори за отворање на Уставот и негова промена“ потенцираше Ковачки.