МЗ објавува анализа на вакцинирани, од позитивни случаи со Ковид 19, во период од 6 август 2021 година до вчера, 13 јануари 2022 година.
Во овој период 85.593 граѓани во Македонија биле позитивни на Ковид 19, од нив 37% биле целосно вакцинирани, односно 32.079 лица.
Според статистиката, 53.514 граѓани, односно 63% од позитивните на Ковид 19 не биле вакцинирани.
Според извештаите од болниците моментално се хоспитализирани 340 лица, a од нив 19% се вакцинирани, 81% не се вакцинирани.
Смртноста кај невакцинираните е драстично поголема, покажува анализата. Во споменатиот период 78% од починатите лица со ковид, биле невакцинирани, а само 22% примиле вакцина.
Според анализите починатите имале повеќе комбинирани хронични заболувања.